За Јоаким Лев, Бразил е прв фаворит за светската титула

“Според мене, Бразил е најголем фаворит кога е во прашање победничкиот пехар. Доволно се квалитетни, ја имаат потребната енергија, а домашниот терен е мотив плус за репрезентативците на Бразил. Тимската игра има поголемо значење отколку индивидуалните квалитети на фудбалерите. Бразил е во голем предност игра на домашен терен, игра пред верните фанови.

Исто така, очекувам одлични игри и од репрезентацијата на Аргентина која е многу силна. Во групата на поквалитетни репрезентации место има и за таа на Колумбија. Кога е во прашање Европа, најмногу очекувам од Шпанија, Италија и Холандија. Белгија е фаворит од сенка, а од Азија, Јапонија би требало да го има главниот збор”, изјави Лев.