четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 59

За Катица Јанева не важи законската забрана за членување во партија – јавно ја деградира јавнообвинителската функција

После сите овие докази Катица Јанева не може натаму да ја врши функцијата специјален јавен обвинител. Таа ги помина сите можни граници на нормално и законско делување“, вели Каракамишева – Јовановска за Нетпрес.

katicajaneva-sjo

Поврзани вести

По непотизмот, вработувањето на партиски кадри, заканувањето врз сведоци, обелоденетиот план за дејствување подготвен во координација со СДСМ и доказите за членство во оваа партија, Катица Јанева не може понатаму да ја извршува функцијата специјален јавен обвинител, оценуваат аналитичарите.

Според нив, неодамна објавената членска книшка на Јанева од СДСМ, на која потпис ставил поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, а освен симболите на партијата го има и серискиот број и уплатницата  за чланарина во СДСМ своерачен потпис на специјалната обвинителка, јасно ги потврдуваат сомневањата дека Јанева работи пристрасно и во полза на опозициската партија.

432099-bankata-potvrdi-katica-janeva-e-partiska-koleshka-na-zoran-zaev

Универзитетската професорка Тања Каракамишева Јовановска вели дека специјалната обвинителка ги преминала границите за законско делување и оти треба да биде разрешена од функцијата.

„Членството во партија за Јанева е одличен повод и законски основ да се започне постапката за нејзиното разрешување. После сите овие докази таа не може натаму да ја врши функцијата специјален јавен обвинител. Таа ги помина сите можни граници на нормално и законско делување“, вели Каракамишева – Јовановска за Нетпрес.

Таа додава дека Јанева од ден на ден се појасно покажува дека не е заинтересирана да ја извршува функцијата професионално и непристрасно и дека за неа не важи законската забрана за членување во партија како избран јавен обвинител.

„Катица Јанева продолжува со своите политички гафови, продолжува со деградирањето на јавнообвинителската функција и со политизирање на работата до крајни можни  граници. Малку и беа вработувањата на кадрите што директно ги “црпи” од сдсмовските извори, роднини, пријатели, сопартијци, малку и беа непотизмите како форма за вработување во “нејзиното” приватизиран СЈО, сега гледаме дека била и долгогодишна членка на СДСМ на која редовно и плаќа чланарина на некои чудни сметки.  Јанева покажа на дело дека не е заинтересирана да ја извршува функцијата професионално и непристрасно. Таа со своите постапки и работа покажа дека знае буквално да “гине” за својата партија, за некако да успее да ја донесе СДСМ на власт. Очигледно за Јанева не важи законската забрана за членување во партија како избран јавен обвинител, за Јанева од самиот почеток не важат законите и Уставот на РМ, за Јанева не важи ништо што според нејзините партиски видувања не е легитимно“,  посочува Каракамишева-Јовановска.

Од Специјалното јавно обвинителство ги негираат тврдењата дека Катица Јанева била член на опозициската СДСМ посочувајќи дека објавените документи биле невистинити.

„Јас никогаш ниту сум била член на политичката партија СДСМ, ниту пак сум извршила уплата за наводна верификација на членство на оваа политичка партија“, стои во соопштението од Специјалната обвинителка.

Од СЈО апелираат до надлежните органи да ја испитаат злоупотребата на личните податоци на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Претходно и од опозициската СДСМ демантираше дека Јанева е член на партијата.

Инаку, уплатницата која ја објави весникот „Вечер“, покажува уплата од 400 денари со цел на ознака: верификација на членство во СДСМ од страна на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на 31 јули 2015 година, преку филијала на банка во Чаир. Како примач на уплатницата е наведена партијата СДСМ со сметка во друга банка.

банка

Од весникот направиле и компарација на јавно достапните документи на интернет, објавени од други медиуми на кој стои потписот на Катица Јанева. Споредбата покажала дека потписот на оваа уплатница е ист како потписите на Јанева ставени на официјален документ од СЈО. Со оглед на фактот дека Катица Јанева беше избрана за Специјален јавен обвинител на 16 септември 2015 година, уплатата за верификација на членство е направена 45 дена пред изборот.

Според „Вечер“, следи постапка за разрешување на Јанева, затоа што на обвинители и судии, партиски членства и активности не им се дозволени.

Најчитани вести