За ќерката на Ердоган е оправдано жените да добијат помалку наследство од мажите

Ќерката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, предизвика реакции по говор во Брисел во кој нагласи дека е праведно жените да добијат помалку наследство од мажите, објави весникот Стампа.

Сјумеје Ердоган учествуваше на конференција на тема Претставата за жените во муслиманскиот свет и борбата за рамноправност.

Во говорот таа нагласила: – Многу луѓе прашуваат зошто ќерките добиваат помал дел при распределба на наследство во споредба со синовите. Тоа е праведно. Бидејќи мажите имаат одговорност да носат леб дома, а жените – не. Поради тоа е нормално и задолжително мажите да добијат повисок процент од наследството.

Таа според непотврдени информации во Турција има амбиции да влезе во политиката. Многумина кои го проследиле говорот искоментирале: Каков татко, таква и ќерката, објави весникот.

sumeyye-erdogan-suikast-iddiasi-savcilik-sorusturma