За коалицискиот партнер во грчката влада името Македонија и натаму е неприфатливо

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, коментирајќи ги последните моменти од разговорите меѓу Македонија и Грција во спорот околу уставното уме на земјата, изјави дека неговата националистичка партија Независни Грци, која е помал коалициски партнер во грчката влада, нема да прифати терминот Македонија да биде содржан во името на нивниот северен сосед, објави во вторникот електронското издание на Катимерини.

Панос Каменос во понеделникот, при посетата на воениот камп „Далипи“ во Солун, рекол дека остануваат на позицијата утврдена во 1992 година на средбата на партиските лидери под покровителство на тогашниот претседател Константин Караманлис дека терминот „Македонија“ во името на соседната држава не е прифатлива опција за Грција.

За промена на ваквата позизиција, според Каменос, ќе биде неопходен нов состанок со сегашниот претседател Прокопис Павлопулос.

Весникот притоа потсетува дека во 2007 година, Грција, сепак, се согласи терминот „Македонија“ да биде содржан но во сложено име што би било за севкупна употреба.

Во написот се коментира и дека ваквата позиција на лидерот на Независни Грција Панос Каменос, значи дека леивичарскиот премиер Алексиск Ципрас ќе мора да се потпре на други партии за да обезбеди поддршка за ова прашање.