За косовската влада однесувањето на опозицијата ја загрозува демократијата

За косовската влада однесувањето на опозицијата ја загрозува демократијата
За косовската влада однесувањето на опозицијата ја загрозува демократијата

Косовската влада остро го осуди денешниот инцидент во парламентот, кога беше употребен солзавец од страна на опозицијата.

– Однесувањето на опозицијата е неодговорно и вон секој етички и морален кодекс и демократска практика. Тоа е антизаконски и анархистички чин кој претставниците на политичкото малцинство го вршат врз институциите и народните избраници, употребувајќи боеви средства, со цел да го попречат нормалното функционирање на косовската држава – стои во реакцијата на косовската влада.

Во меѓувреме претседателот на парламентот Кадри Весели свика седница на Претседателството на Парламентот по која пред новинарите искажа остра осуда на однесувањето на опозицијата.

– Познати ни се целите на опозицијата. Нејзините аргументи се неосновани. Парламентот е место каде тие треба да го искажат нивното незадоволство и спротивставени мислења, на демократски начин а не со незаконски однесувања. Досегашното нивно однесување ја загрозува таа можност и демократијата воопшто – изјавил Весели.

Тој упатил апел до сите политички фактори да придонесат во надминување на ситуацијата со цел нормално функционирање на институциите. Весели најавил седница на Претседателството на парламентот во понеделник на која ќе се одреди датумот на продолжение на седницата, прекината од опозицијата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.