За лекувањето на Шумахер потрошени 12 милиони евра – минимален напредок во неговата здравствена состојба

Според последните информации, за лекувањето и грижата на седумкратниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер се потрошени вртоглави 12 милиони евра.

Германецот веќе 14 месеци е опкружен со врвен тим од хирурзи, доктори, психолози, негуватели итн., кои се сместени во семејната куќа на Женевското езеро, која всушност е и мини-болница, а се со цел да му се помогне на легендарниот Ф1 возач.

Сепак, неговата состојба е подобрена само минимално, откако на 29 декември 2013 година доживеа несреќа при скијање, во која ја повреди главата.