За Линекер, Меси е подобар фудбалер од Роналдо

Легендарниот репрезентативец на Англија, Гери Линекер, откри дека според него, Лионел Меси е многу подобар фудбалер од Кристијано Роналдо.

„Според мене, Лионел Меси е поклон од фудбалските богови. Станува збор за фантастичен талент, за фудбалер кој постојано произведува некој магичен момент, за фудбалер кој вечно ќе се памети. Игра чесно, не глуми, не бара прекршок ако го нема, редовно ја тресе противничката мрежа и редовно им асистира на соиграчите. Постојано е фаулиран, постојано е удиран по двете нозе, но не застанува, продолжува да игра. Не паѓа без потреба, не мами, вистински пример за совршен фудбалер. И Роналдо е феноменален талент, но повеќе игра за себе отколку за клубот, за соиграчите. Меси секогаш ја носи вистинската одлука, дали да додаде или да упати удар кон противничкиот гол. Меси е мал гение”, изјави Линекер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.