За љубителите на бесни автомобили: Alfa Romeo 4C конечно во Македонија!

Автомобилот Alfa Romeo 4C, кој земја поголем број награди меѓу кои и наградата за „Најубав автомобил за 2014“, со фантастичниот дизајн однадвор и класичната изведба на спортски автомобил одвнатре, пристигна во Македонија!

alfa

Alfa Romeo 4C нуди различни можности за персонализација, како од естетска гледна точка, така и за нагласување на спортската конотација, кои овозможуваат да се задоволат потребите на секој тип на клиенти.

alfa1

Внатрешниот изглед е како од книгите, со мал, централно поставен агрегат и исклучително лесна каросерија, кои овозможуваат невидена динамика и забава во возењето.

alfa3

Помалку од 4 метри должина, 2 метри ширина и 118 cm висина. На Alfa Romeo4C не се смели само димензиите, туку и проектниот избор: решено беше да не се оди до крајност во моќноста, туку да се намали тежината.

alfa4

Ниската маса на автомобилот најавува и супер забавно возење, со промени на правецот карактеристични за картинг автомобилите.

alfa5

Преведено во бројки, моторот е турбо бензинец со зафатнина од 1.75 литри и максимална сила од 240 КС. Силата се пренесува на задните тркала преку 6-степениот TCT менувач со две спојки, додека масата на возилото изнесува перо – лесни 900 kg. Благодарение на ова, забрзувањето до стотка трае само 4,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 258 km/h.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.