Свет

За Лондон Русија „многу веројатно“ одговорна за труењето на шпионот, Москва возврати за „циркуска точка“

За Лондон Русија „многу веројатно“ одговорна за труењето на шпионот, Москва возврати за „циркуска точка“

Британската премиерка Тереза Меј изјави во понеделникот дека е „многу веројатно“ дека во Русија е направен агенсот и е одговорна за поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал, нарекувајќи го „слеп и неодговорен напад врз Велика Британија, додека Москва возврати дека се изведува „циркуска точка“ во британскиот парламент во врска со овој инцидент.

Меј истакна дека супстанцата којашто е употребена во нападот врз поранешниот руски агент и неговата ќерка е „нервен агенс со квалитет којшто го произведува Русија“, без да ги појасни ваквите сознанија. На британските пратеници им рече дека на Москва ѝ дала рој до вторник навечер да достави објаснување до Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW).

Британската премиерка оцени дека постојат „само две можни сценарија“ во овој „слеп и невнимателна напад врз Велика Британија“: или станува збор за намерен напад од Русија или руските власти загубиле контрола над нервниот агенс.

„Доколку Москва не даде убедлив одговор, ќе сметаме дека станува збор за руско илегално користење на сила против Велика Британија“, се закани Меј истакнувајќи многу обвиненија на адреса на Русија во актуелната политичка ситуација во светот, како и санкциите против Москва велејќи дека е подготвена да преземе и „поголеми мерки“. Го спомена притоа присуството на британските единици во Естонија на руската граница во рамките на распоредувањето на НАТО.

Русија подоцна во понеделникот ги отфрли обвинувањата од британската премиерка за наводната одговорност на Москва за труењето на 66-годишниот поранешен двоен шпион, осуден и по помилувањето од рускиот претседател разменет со САД за десет руски државјани, оценувајќи дека станува збор за „циркуска точка и провокација“.

„Тоа е циркуска точка пред британскиот парламент. Говорот на премирката Меј пред британските пратеници претставува нова политичко-информативна кампања којашто се темели на провокации“, истакна Марија Захарова, портпаролка на руското министерство за надворешни работи.

Захарова, покрај тоа, го повика Лондон да ги открие резултатите од истрагите за случаите на другите двајца Руси починати во Британија под сомнителни околности, Алексаднер Литвиненко и Борис Березевоски. Поранешниот исто така двоен шпион почина од труење за кое Меј во понеделникот ја обвини Русија, но истрагата со години не се открива за јавноста, додека милијардерот Березовски беше пронајден мртов во неговиот дом во Англија откако по долги години живеење во егзил испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое изразува желба да му биде дозволено без прогон да се врати во татковината.

„Пред да состави нови приказни, нека дозволи некој во Кралството да каже како завршија претходно Литвиненко, Березовски, Перепиличник и многу други кои мистериозно умреа на британска територија“, истакна Захарова.