За Македонските компании обезбедивме евтини кредити

На домашните фирми им обезбедивме кредитни линии. Во време во кое што имаше високи каматни стапки, серија на повлекувања на кредитни линии од ЕБРД кои што се ревизибилни, рече премиерот Николча Груевски.

Во емисијата „Јади бурек“ тој потенцира дека македонската влада се грижи подеднакво за сите: и за странските и за домашните компании.

Тој посочи дека на сите им се на располагање исти услови и дека и домашните компании можат да дојдат во зоните ако ги исполнуваат условите, а таму се бара производство на повисока технологија.

– Значи, се даваат на компаниите, компаниите по некое време ги враќаат, а државата ги враќа назад. Тие кредити се обезбедија со камата не повисока од 5 ипол посто. Во време кога каматите во Македонија беа 9%, а за некои фирми и до 13%, ние обезбедивме во кризното време, па и сега- кредитна линија која толку многу се користи што 99 отсто од сите кредити во Македонија кои се даваат на компании се даваат од таа кредитна линија, рече Груевски.

Тој посочи дека овој кредит го имаат искористено огромен број на домашни фирми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.