За малку избегната несреќа на „Александар Велики“

За малку била избегната несреќа на скопскиот аеродром „Александар Велики“ откако пилотот на авионот на „Визер“, наводно, бил заслепен од ласер.

Според информациите на Прес24, непознато лице околу 16 часот вперило ласер кон авионот на „Визер“ во момент кога пилото се обидувал да се приземји на пистата во Петровец и му го попречил видот.

Пилотот за среќа останал присебен и усепал да го спушти леталото, па се поминало без проблеми. Случајот го пријавил во контролата на летање, која ја известила полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.