За мажи кои се гижат за својот изглед

Водење сметка за физичкиот изглед стана составен дел од животот на современиот маж.

Резултати од бројни истражувања покажуваат дека се повеќе мажи користат услуги на естетска медицина. Постојат голем број на причини кои доведуваат до тоа да припадниците на посилниот пол го посетуваат нашиот Центар. Подигањето на свеста за безбедноста и ефикасноста на третманите и користење на модерните технологии се само дел од причините поради кои мажите ја препуштаат грижата за својот изглед на стручњаците по естетска медицина. Покрај тоа, младешкиот и негуван изглед ја носи неопходната самодоверба за успех.

Третманите кои се на располагање во нашиот Центар се погодни за мажи, и се во склад со нивните индивидуални потреби.

image2-300x200

НЕГА НА ЛИЦЕ ЗА МАЖИ КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА СВОЈОТ ИЗГЛЕД

Со оглед на тоа што мажите се под поголем стрес и оптеретување, нивната кожа бара посебна нега. Третманите кои ги нудиме имаат за цел да во што пократок рок ги исполнат очекувањата и истите се дел од здравствената нега на мажите.

Машката кожа на лицето се разликува од кожата на жените. Мажите имаат поцврста и подебела кожа и може да врзе повеќе хијалуронска киселина, поради што подолго го задржува квалитетот и тонусот. И ако кожата кај мажите е посилна и пооотпорна на надворешните влијанија, и таа бара потполна нега со која ќе се смири надразливоста и црвенилото, ќе се зголеми еластичноста и ќе се измазнат брчките.

Првите знаци на стареење на кожата на лицето се манифестираат со појава на брчки и промени во пигментацијата на кожата,а не ги заобиколуваат и припадниците на посилниот пол. Брчките се јавуваат поради тоа што кожата губи еластичност, а до тоа, покрај природниот процес на стареење допринесуваат и пушењето, недостаток на сон, долготрајна изложеност на кожата на сончеви зраци.

Во современи неинвазивни методи кои ги користиме кај мажите спаѓаат: лифтинг на лице со радиобранови, кислородна терапија со мезококтели, мезотерапија, хемиски пилинзи, отстранување на подочници, ласерско отстранување на влакна на лице, хијалуронски филери, ботокс, лифтинг на лице со конци, отстранување на подбрадокот, PRP третман, ласерското подмладување и регенерација на кожата.

image1-300x218ЗДРАВО И НЕГУВАНО ТЕЛО-ИМПЕРАТИВ НА СЕКОЈ МОДЕРЕН МАЖ

Грижата за изгледот е тесно поврзана со грижата за здравјето,а таа поврзаност ја препознаваат и современите мажи. Под влијание на бројни фактори кожата ја губи еластичноста,па можат да се јават стрии и други неправилности кај мажите. Стомак без масни наслаги,затегната кожа без флеки и лузни лесно се постигнуваат со современите третмани и примена на иновативните технологии и врвни препарати во нашиот Центар.

Третмани за тело кои најчесто се употребуваат се:радиобранови за тело, криолиполиза, мезотерапија за топење на масните наслаги, ласерското отстранување на влакна, ласерското отстранување на тетоважи и лузни, спречување на прекумерното потење под пазувите, дланките и стапалата, затегнување на кожата на телото со конци, липоскулптура и липофилинг, хијалуронски филери за интимната зона кај мажите, како и третмани за спречување на опаѓање и поттикнување на раст на косата.

Олгица Стојимировиќ, сопственичка на Anti Аging Center by Promoitalia, Скопје
Олгица Стојимировиќ, сопственичка на Anti Аging Center by Promoitalia, Скопје

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.