За мажите е поздраво да бидат во брак со што повеќе жени, еве зошто…

Да има повеќе жени е сон на секој маж, додека за жените таа идеја е вистински кошмар. Но, докажано е дека за целото семејство би било подобро кога еден маж би имал повеќе жени.

Иако во современите земји полигамијата не само што не се практикува, туку е и незаконска, научниците тврдат дека бракот со повеќе жени е многу корисен, не само за мажите, туку и за сите негови жени кои го делат, но и за сите заеднички деца.

Нова студија за полигамијата покажала дека сопругите и децата се поздрави во таков однос. Истражувачи од Дејвис универзитетот ја истражувале оваа пракса во Танзанија.


Ги споредиле домаќинките кои живеат во моногамни бракови со оние во полигамен однос, во 56 села на северот на оваа земја, во кои „многуженството“ е раширено во одредени етнички групи.

Се испоставило дека домаќинките кои делат еден маж имаат повеќе храна, пари, имот, но и поздрави деца.

„Ако имате избор мажот да има 180 крави, многу земја, но и други жени, можеби е подобро да се омажите за него, отколку за оној кој нема друга жена, но има само три крави и еден плац“, вели авторката на студијата, Моник Бергерхол Молдер.

Научниците тврдат дека моногамијата може да биде од стратешки интерес тогаш кога жената живее во општество во кое е зависна од мажот. Оваа пракса е забележана во многу земји ширум светот, претежно каде има недостиг на храна и каде здравствениот систем е слаб.

Во студијата се наведува и дека благосостојбата на многуженството зависи многу и од локалните фактори. Во некои случаи може да биде понижувачки за жените, кои на другите сопруги гледаат како на прељуба и непочитување на нив самите и нивните права.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.