За медицински совет на Ало докторе досега се јавиле 57.330 лица

На телефонската линија Ало докторе изминатата недела за медицински совет се јавиле 1.143 пациенти.

Најчесто, како што информира Министерството за здравство, пациентите се жалеле на главоболки, респираторни симптоми, покачена температура, како и на сезонски вируси предизивикани од променливите временски услови карактеристични за овој период од годината.

На сите овие лица им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Линијата Ало докторе е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. За медицински совет се достапни 25 доктори, а повиците се од сите граѓани на државата.

Од започнувањето со работа на телефонската линија Ало докторе досега медицински совет им е даден на 57.330 пациенти.