За Меккејн Путин е поголема закана за глобалната безбедност од ИД

Американскиот сенатот Џон Меккејн изјави дека рускиот претседател Владимир Путин претставува поголема закана за глобалната безбедност отколку џихадистичката организација Исламска држава (ИД), и предупреди дека американскиот Сенат ќе воведе нови санкции против Москва поради нејзината наводна вмешаност во американските претседателски избори.

Сенаторот Џон Меккејн, кој важи за еден од „јастребите“ во Републиканската партија и еден од водечките надворешнополитички гласноговорници на Конгресот, во разговорот за австралиската телевизија ABC оти мисли дека рускиот претседател Владимир Путин е „првата и најголема закана, повеќе отколку Исламската држава“.
Сепак, додаде дека нема докази дека Русите успеале да ги променат изборните резултати на претседателските избори во САД, но истакна дека според него е сигурно дека се обиделе да влијаат врз изборните резултати во други земји, како на пример во Франција.

„Гледам на Русија како на најголем предизвик кој е пред нас. Оттаму, треба да ги зајакнеме анкциите и се надевам дека во продолжување на напорите, Сенатот да продолжи со носењето мерки против Русија и воведувањето на другите критични мерки поради руското однесување“, рече Меккејн, кој претседава со сенатскиот Комитет за вооружените сили.

Меккејн, кој е критичен и кон претседателот Донадл Трамп, изјави дека верува дека претседателовиот тим за национална безбедност ќе развива стратегија којешто ќе доведе до „победа“ во Авганистан, како и дека Трамп има голема доверба во тој тим.

„Верувам дека повеќето од случаите тој ги прифаќа на нивните совети. Можам ли да кажам дека тој тоа секогаш тоа го прави? Не, тоа не можам да го кажам. И, дали тоа ме загрижува? Да, ме загрижува“, рече Меккејн.