За надминување на проблемот за името треба политичка волја од двете страни

Министерот за надворешни работи на земјава, Никола Попоски денеска оствари средба со медијаторот Метју Нимиц кој престојува  во работна посета на нашата земја.

Нимиц ги сподели своите видувања за ефективен процес и корисност од фокусиран дијалог кон надминување на спорот околу името со јужниот сосед.

Министерот Попоски ги истакна заложбите на Република Македонија за решение и целосна посветеност на процесот.

„Македонски интерес е да го надминеме единствениот, но тежок и долготраен проблем со нашите грчки партнери,“ истакна министерот Попоски. „За да го постигнеме тоа ни треба почитување на правото и политичка волја. Посакуваме таков сигнал да се добие и од Атина по посетата на г-дин Нимиц“, додаде тој.

На средбата присуствуваше и Претставникот на Република Македонија во процесот на преговори, г-дин Васко Наумовски.