За “натпреварот на векот” против Србија, Албанците плаќаат и по 1000 евра за билет

Билет на “црно” за квалификацискиот натпревар меѓу Албанија и Србија што треба да се игра на 8 октомври достигна цена од 1.000 евра, објавија медиумите кај нашиот западен сосед.

Ситуацијата е таква поради огромниот интерес на навивачи од Косово кои се подготвени да платат и многу повеќе само да го проследат евентуалниот пораз на српската репрезентација. Поради ова, Фудбалската федерација на Албанија донесе одлука да ја контролира продажбата и извесен период да не пушта билети во слободна продажба.

Првиот меч помеѓу Србија и Албанија не помина славно
Првиот меч помеѓу Србија и Албанија не помина славно

Како нова мерка се предлага на секој билет да стои името на купувачот и купувањето да оди само до приложување пасош. Но, и покрај тоа, “црниот пазар” е подготвен на фалсификување на билетите ако некој понуди доволно пари. Затоа, речиси никој не верува дека ќе успее намерата на Фудбалската федерација на Албанија.

На две недели пред натпреварот, атмосферата во Албанија полека се вжештува. Меѓу другото, и поради тоа што оваа селекција преку победа против Србија има историска шанса првпат да обезбеди пласман на едно Европско првенство.