За наводен монтиран случај за Бошкоски, Заев издиша по третпат

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, денеска ја објави третата „бомба“, и пушти неколку разговори меѓу директорот на УБК, Сашо Мијалков, и новинарот Драган Павловиќ-Латас, потоа со сопственикот на Канал 5 телевизија, Емил Стојменов, како и разговор меѓу министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и шефот на кабинет на премиерот, Мартин Протуѓер, како и разговорот на министерката со портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Разговорите се однесуваат на случајот со апсењето на Љубе Бошкоски, еден ден по изборите во 2011 година.

Заев, пред објавувањето на разговорите посочи дека наводно тоа се докази за монтиран случај и за однапред испорачано апсење на Бошкоски. Како што посочи тој наводно бил апсен поради одмазда. Но, од снимките неможе да се заклучи дека апсењето на Бошкоски било монтирано бидејќи разговорите се водат за приведувањето на поранешниот министер во МВР, како и за тоа дека бил фатен со готовина добиена од лице, за кое не се кажува идентитетот, туку само дека е од странство.

На новинарско прашање каков крај очекува од случајот „Пуч“, Заев вели дека очекува политичка, а не правна разрешница. Но, сепак го премолчува фактот дека потесната фамилија на неговиот адвокат, Филип Медарски е вработена во судствотои во моментов се на високи позиции.