Магазин

За неколку децении младите нема да умираат од рак

За неколку децении младите нема да умираат од рак

Денес, ракот полека се претвора во болест што или може да се спречи или ефективно да се излечи, забележува еден научник кој прогнозира дека до 2050-та година никој под 80-годишна возраст нема да умре од таква болест.

Начинот на живот се менува, а технологијата и подобрените терапии веќе го трасираат патот“, изјавил научникот Дејвид Тејлор. Работите можат да се движат и позабрзано ако луѓето секојдневно пијат аспирин.

Некои се против овој совет со оглед на тоа што аспиринот е поврзан со чиреви и стомачно крварење, но уште еден истражувач го потврдува неговото позитивно дејство: „Секојдневното консумирање на аспирин е најважната работа што можеме да ја направиме за намалување на ракот, веднаш зад престанување со пушење и намалување на тежината, и веројатно ќе биде најлесно да се примени“, објаснил професорот Џек Кузик. „Ако сите на возраст од 50 до 65 години редовно зема аспирин во рок од 10 години, бројот на заболувања од рак ќе се намали за 9% кај мажите, и 7% кај жените“.