За неколку дена започнува реализацијата на проектот „Македонија вработува“

За неколку дена фирмите ќе можат да вработуваат различна категорија на лица од различни возрасти, за кои нема да плаќаат придонеси од 3 до 5 години. Законите веќе се усвоени, се прават техничките припреми во Агенцијата за вработување и останатите институции, се уредуваат апликациите кои ќе мора да ги пополнуваат работодавачите, како и останатите, технички формалности, информира Слободанка Алекосовска од Агенцијата за вработување , пренесе Прес24.

Интересот кај компаниите да вработат лица преку овој проект е огромен, што говори и фактот дека дневни има по дваесетина јавување од работодавачите, кои сакаат да ги знаат погодностите. Тие веќе знаат дека имаат големи финансиски бенефити од ослободувањето од плаќањето придонеси и тоа од 2 до 10 илјади евра годишно, што е огромно намалување на нивните трошоци, изјави Алексовска за РСМ.

Се очкува само преку проектот „Македонија вработува“ да бидат опфатени 150.000 лица, додека директно вработени околу 20.000 . Постојано вработените треба да бидат спокојни дека газдата мнема да ги отпуштат за да вработат друго лице, за тоа што еден од критериумите е да не се намалува бројот на вработени кај газдате. Оваа мерка се носи по примерот на претходната – за вработување млади до 29 годишна воздраст, преку која за една година се вработени 8.000 лица, додава Алексовска.

Покрај оваа мерка, во Агенцијата во тек се уште неколку други програми, како обука кај познат работодавач, кредити за самовработување, а од наредниот месец ќе се даваат и грантиови од 3,000 евра за отворање сопствен бизнис. Се очекува овој оглас за неповратна финанасика помош да биде обијавен крајот на мај.

Исто така, според Алексовска, поради големиот интерес на компаниите кои имаат потреба од работна сила, ќе се продолжи со организирањето Саеми за вработување во сите поголемите градови и тоа почнувајќи од септември годинава. Како резултат на сите активни мерки од 2007 до сегавработени се вкупно 36,500 лица. Само за оваа, 2015 се очекува да бидат вработени уште 8,200, со што стапката на невработеност дополнително ќе се намали.