За неполни две години доделени над 1000 ваучери за новороденчиња во Кисела Вода

Денес во големата сала во општина Кисела Вода градоначалникот Билјана Беличанец –Алексиќ додели 40 – тина ваучери во износ од 6000 илјади денари за новородените бебиња во општината. Бројот на семејства кои досега ја искористиле еднократната парична помош се искачи на 1019.

-Би сакала да потенцирам дека овој проект кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода ќе продолжи и ќе се запази се до истекот на мојот мандат, нагласи Билјана Беличанец – Алексиќ.

Во своето обраќање градоначалникот Беличанец – Алексиќ упатувајќи им честитка на новите родители таа уште еднаш  испрати порака до сите кои имаат принова да ја поднесат потребната документација за остварување на еднократната парична помош.

-Постапката е едноставна и се состои од исполнување на неколку барања, а тоа се: и двата родитела да се со живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето-ги исткна критериумите градоналникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.