За новогодишната ноќ итна помош побарале 137 лица.

За време на новогодишната ноќ во службата за итна помош се јавиле 137 лица.

Пет од нив биле во алкохолизирана состојба и биле префрлени на токсикологија, од кои 4 лица биле малолетни.

Пет лица настрадале во сообраќајна незгода, 6 лица се јавиле за тепачки на јавни места, од кои две биле малолетни.

Пет лица паднале и се здобиле со скршеници.

Сите препораки коишто беа дадени за новогодишната ноќ дадоа резултати, со тоа што новогодишната ноќ помина релативно мирно и без поголеми инциденти.