За Обвинителство не е важно чиј е „туарегот“ со кој беше прегазен малолетникот

Истрагата за немилиот нстан кој се случи минатиот викенд, кога малолетник беше прегазен во близина на Католичката црква во Скопје е во тек.

Информации за тоа во чија сопственост е џипот со таблички White house со кој беше усмртен малолетникот се уште нема. Утврдено е дека возилото не е во сопственост ниту на возачот, ниту пак на член од неговото семејство, но од Јавното обвинителство велат дека во ситуацијата не било важно чиј е автомобилот, туку кој го управувал.

-Од аспект на истрагата, а во контекст на ваквите настани, сопственоста на возилото е ирелевантна. Битно е кој и како го управувал, велат од Јавното обвинителство, додавајќи дека детали не може да споделуваат.

Оттаму велат дека продолжуваат со активностите за прибирање на докази и утврдување на причините за несреќата.