За одјава на радијаторите, 125 евра и одобрение од соседите

За одјава на радијаторите, 125 евра и одобрение од соседите, треба да достават гневните потрошувачи во Србија што беа одбиени од топланите за поевтинување на цената на греење.

Како што јавува Б92, за одјава на радијаторите потребни се најмалку 4.000 српски динари и еден куп хартија.

Пријавите за исклучување од далечинското греење овие денови се натрупуваат во градските топлани. Откако поголемиот број електрани и локални самоуправи одбија да ја намалата цената на услугите поради повтинувањето на гасот, се зголеми бројот на потрошувачи што размислуваат да се одјават од централното греење.

Со цел да се одвратат потрошувачите од можноста да се одјвата од системот е и вртоглавата цифра што треба да ја платат за повторен приклучок. Во некои градови треба да се плати од 1.000 до 2.000 српски динари по радијатор за повторен приклучок, додека други, бараат да се плати и инсталираната јачина за сите претходни месеци додека биле исклучени од системот. На тој начин се испраќа пораката дека одјавување на радијаторите никому не му се исплаќа.

За корисниците да може да ги одјават радијаторите потребни им се 15.000 динари или околу 125 евра и еден куп хартија: доказ за сопственост на имотот, фотокопија од лична карта, последна платена сметка…

Покрај ова, потребна е и согласност од куќниот совет во која стои дека соседите се согласни да ги сносат последиците од исклучувањето на другите станари. Токму поради ова барање, голем број корисници сепак отстапуваат од исклучување.