За одмор во Грција подгответе дополнителни 150 евра

Ако планирате да летувате во Грција подгответе повеќе пари од предвиденото. Грчката влада ќе воведе нови мерки за зголемување на данокот на додадена вредност – ДДВ на храната и комуналиите со цел да заштеди 1,8 милијарди евра, што е еден од предусловите кои ги поставија меѓународните кредитори за дополнителната финансиска помош.

Според локалните медиуми ДДВ ­то на храна и пијалаци, вклучувајќи и во рестораните и баровите, ќе биде зголемено од 23 на 24 проценти.

За истиот износ ќе биде зголемен и износот на ДДВ ­то на картите за патување на локалните и меѓународни линии. Цените на бензинот и дизелот ќе бидат зголемени за пет, односно за осум проценти.

ДДВ ­то ќе биде зголемено и за цигарите, фиксната телефонија и телевизиската претплата. Цената на ноќевање во хотелите во Грција од 2018-та година ќе биде зголемена за две до четири евра. Според наводите на медиумите, нацрт ­законот за новите мерки наскоро ќе биде претставен во парламентот и се очекува дека гласањето ќе биде најдоцна до викендот.

Ова за македонските туристи ќе значи поскапување на туристичките аранжмани. Пресметките велат дека едно семејство од 4 члена, за 10 дневното летување во Грција ќе треба да одвои дополнителни 150 евра.