За отпис на долгови поднесени 17.600 барања

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денска ги потпиша договорите со сите доверители, кои покажаа општествена одговорност и земаа учество во проектот на Владата на Р. Македонија за едкократен отпис на долговите.

Помош за социјално ранливите категории и општествена одговорност покажаа ЕВН-Македонија, МРТВ, ЕЛЕМ- Енергетика, Топлификција како и Комората на извршители и Комората на нотари.

Министрот Ставрески посочи дека станува збор за една масовна акција со која што ќе им се помогне на граѓаните не само еднократен отпис на долговите туку и во поглед на новите сметки кои ќе им прстинуваат, за да можат со помал напор и поредовно да ги сервисираат плаќањата.

-Во тек е пријавувањето на граѓаните за отпис на долговите, заклучно со денес пријавени се вкупно 17.600 лица, односно барања за отпис. Станува збор за висок степен на интерес на граѓаните за овој проект и очекуваме до 12 октомври до кога ќе трае рокот на пријавување да имаме значителен број на граѓани кои дополнително ќе поднесат барање, истакна Ставрески.

Се работи за отпис на долгови, додаде Стеврески, кои што се настанати заклучно со 31 декември 2013 година по основ на долгови кон банките, ЕВН и ЕЛЕМ, долгови кон Топлификација и МРТВ.

За потребите на овој проект е формирана посебна вонинституционална комисија во која учествуваат сите институции кои се вклучени во процесот на обезбедување на податоци за потребите на еднократниот отпис на долгови.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека почнувајќи од 18 август до 2 септември најмногу барања за отпис на долгови има поднесено во поголемите општини, а дневно пристигнуваат од 1500 до 2000 барања од сите Центри за социјална работа.

Тој упати повик до сите граѓани кои влчегуваат во оваа категорија на граѓани навреме да се пријават во Центрите за социјални работи за да може комисијата навремено да го разгледа нивното барање и тековно да одговори.

Во проектот за еднократен отпис на долговите се вклучија сите банки во Р.Македонија кои во рамките на своите активности се веќе спремни да навлезат во наредната фаза на размена на податоци.

-Износот со кој што ќе се вклучиме во проектот се уште не е прецизно утврден, меѓутоа тој ќе зависи од апликациите на заинтересираните граѓани, но тој износ според проценките во рамките на Здружението на банкарство не претставува износ кој на било каков начин ќе направи пореметувања во билансите на банките така што банкарскиот систем ја задржува стабилноста и здравоста на своите биланси, истакна Маја Стевковска –Штериева, пртеставник од Здружението на банкарство.