Нема веќе плаќање за отпушување на канализација на лице место!

Водоводното претпријатие за отпушување на  канализационата мрежа во станбени згради и во куќи, отсега нема да наплаќа за услугата на лице место, туку на граѓаните за тоа ќе им биде фактурирано на наредната сметка. Од досегашните искуства, за ваквите интни интервенции, не секогаш граѓаните имале пари да платат веднаш, па поради тоа, од ЈП „Водовод и канализација“ се решиле на ваков чекор, што би бил од корист, како за барателите на услугата, така и за службите кои навремено и ажурно би можеле да го санираат проблемот.

„Досега за оваа услуга „Водовод“  наплаќаше на лице место, со фискална каса и притоа голем број од граѓаните не беа во можност да платат. Сега за тоа ќе им се наплати  во сметката за следнот месец. При барање за ваква интервенција граѓаните освен лични податоци и адреса, треба да остават и шифра на корисник на сметката“, вели директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Бојан Василевски.

Овој начин на плаќање ќе се однесува само за физички лица, а за правните лица ќе остане постоечкиот начин на наплаќање на услугата, со доставување на писмо. SLIKAA