За пациентите со ретки болести, педесетина луѓе ќе се искачат на Кораб

Педесетина луѓе се пријавија да го искачат највисокиот врв во Македонија – Голем Кораб на висина 2.754 метри, во име на пациентите со ретки болести, кои немаат третман,

Искачувањето ќе се случува на 7 септември, а го организира Планинарскиот клуб „Кораб“ под мотото „До врвот, за подобар живот!“. Повод за активноста е државниот празник Денот на независноста на Македонија, „8 Септември“.

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ во оваа акција учествува втора година. Од таму велат дека целта е се подигне јавната свест за животот на пациентите со ретки болест.