За патријархот Иринеј поплавите се божја опомена за геј парадата

Во Соборниот храм во Белград вчера била одржана молитва за ставање крај на големото невреме што ја зафати Србија, на која присуствувал и патријархот Иринеј. Тој ги повикал верниците да се молат, истакнувајќи дека со таа неволја не е божја казна,туку опомена да се тргнат од патиштата на пороците, злобата и беззаконието.

„Дождовите и поплавите што ја снајдоа нашата земја предизвикаа големи жртви. За жал, ова не е крајот. Сите што можат се борат да ги заштитат човечките животи“, изјавил патријархот.

 Тој, алудирајќи на најавената Парада на гордоста, додал дека деновиве во Белград се подготвува собир кој претставува „гнасен порок, а со кој се гордеат и ги истакнуваат своето достоинство и демократијата, а претставува безбожен акт и е против животните закони“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.