За Пенс „апсурдна“ е приказната за претседателската рка во 2020-та

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ги нарече во неделата „смешни и апсурдни“ медиумските написи за тоа дека има намера да се бори за републиканската номинација за претседателските избори во 2020 година.

Со модерниот термин „лажни вести“ американскиот потпретседател Мајк Пенс ги квалификуваше новинските извештаи дека се подготвува да го замени актуелниот претседател Доналд Трамп во трката за номинацијата на Републиканската партија за следните претседателски избори во САД.

Весникот The New York Times објави дека Пенс ја трасира патеката за партиската номинација, така што формира сопствен комитет за собирање пари за кампањата.

Трамп, пак, од своја страна досега со ништо не навести дека ќе се натпреварува за вториот претседателски мандат, но неколку советници на Пенс веќе им се довериле на партиски донатори дека потпретседателот планира да се кандидира доколку Трамп тоа не го стори, пишува весникот.

Во писмената изјава објавен во неделата, Пенс написот во NYT го нарече „категорички лаги“ и ги оцени како „нечесни и навредливи за мене, за моето семејство и за целиот наш тим“.

„Американскиот народ знае дека за мене нема поголема чест од тоа да раме до раме стојам со претседателот кој Америка сака повторно да ја направи голема“, порача Пенс.

„Без разлика на тоа кој и што пишувал, целиот мој тим со сите свои сили и натаму ќе се труди да ја оствариме програмата на претседателот и повторно да биде избран во 2020 година. Сето друго е смешно и апсурдно“, додава Пенс.

Неочекуваната и невообичаената победа на американските претседателски избори во ноенври 2016 година на Трамп, проследен со протести и критики како и кај политичките противници така и меѓу неговите републиканци, им отвори пат на дргите политичари да не ја следат традицијата која ја одредува внатрешартиската политика, пишува The New York Times.

Весникот, исто така, наведува дека кампањата во сенката за републиканската номинација трка водат и сенаторите Том Котон и Бен Сејс, како и гувернерот Џон Кејсич.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.