Балкан

За пет години Хрватска ќе го воведе еврото

За пет години Хрватска ќе го воведе еврото

Хрватска до 2020 година ќе го воведе еврото, изјави хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, во интервју за Блумберг.

-Верувам дека ќе влеземе во еврозоната во текот на следните пет години. Тоа е многу важно за хрватската економија, поради силната поврзаност со економиите на земјите од Европската унија, истакнала Грабар Китаровиќ.

Според пишувањата на Блумберг, воведувањето на еврото во брзо време е уште една дополнителна точка во несогласувањата меѓу претседателската на Хрватска и актуелната власт.

Блумберг напоменува дека на Хрватска и претстои неминовен излез од рекордно долгата рецесија, која од 2008 година резултираше со кумулативен пад на БДП за 12 проценти. Поголем пад од Хрватска, од земјите во ЕУ, имаа само Грција и Кипар.