Македонија

За пет месеци, 17.012 јавувања на Ало докторе!

За пет месеци, 17.012 јавувања на Ало докторе!

Вкупно 17.012 повици пристигнале на телефонската линија 15 123 од 15 септември минатата година, од кога започна да работи телефонската линија за медицински совет АЛО ДОКТОРЕ !

Во изминативе седум дена, односно од 5-ти до 11-ти јануари регистрирани се 1.109 повици на лица кои побарале медицинска помош.

Јавувањата се од сите градови од Македонија, а на пациентите им се на располагање 22 доктори.

На сите оние лица кои се јавиле на телефонската линија АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија доколку било потребно.На две лица поради здравствената состојба за која ја повикале линијата Ало докторе ! повикот им беше пренасочен кон Службата за Итна медицинска помош 194!

Јавувањата најчесто во изминатава недела се поради респираторни симптоми ,кашлица ,настинки и покачена телесна температура во најголем број случаи од временските услови односно ниски температури.

Во кол центарот АЛО ДОКТОРЕ! секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни Директорите на Јавните здравствени установи.

Кои доктори ќе бидат дежурни следнава недела?

Проф.Др.Александар Чапароски Директор на Клиниката за неврохирургија ќе биде денеска од 18 до 22 часот на линијата Ало докторе! Утре на 13.01.2015 год.Др.Сашо Караѓозов Директор на Клиниката за дигестивна хирургија,а на 14.01.2015 год.Др.Соња Кузмановска од Институтот за клиничка биохемија. Доц.Др.Темелковски од Клиниката за отропедски болести на 15.01.2015 год.и во петок на 16.01.2015 год.Проф.Др.Ненад Јоксимовиќ Директор на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Во сабота 17.01.2015 на 02/15123 од 18 ч до 22 часот Проф.Др.Надица Митревска од Универзитетската клиника за радиологија и на 18.01.2015 год.Директорката на Здравствен дом ЖелезничарДр.Соња Тасевска –Васиќ.