За пет месеци издадени 48 одобренија за употреба на објекти

Во период од јули до декември минатата година се издадени 48 одобренија за употреба, а проценетата вредност на објектите изнесува 868 милиони 327 илјади денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за употреба, 37 или 77,1 отсто од вкупниот број на издадени одобренија за употреба се наменети за објекти од високоградба, а четири или 8,3 отсто за објекти од нискоградба и седум односно 14,6 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 48 објекти, на 32 објекти или 66,7 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 16 објекти или 33,3 отсто инвеститори се деловни субјекти.

Во овој период е издадена употребна дозвола на 144 станови со вкупна површина од 10.044 метри квадратни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.