Македонија,Економија

За пет месеци странските инвестиции достигнаа 146,5 милиони евра

За пет месеци странските инвестиции достигнаа 146,5 милиони евра

Вкупно 146,5 милиони евра странски инвестиции влегле во државата во првите пет месеци годинава, покажуваат последните податоци кои ги објави Народната банка на Македонија. Според статистиката, само во мај во државата влегле 33,6 милиони евра странски капитал. Во првите пет месеци минатата година странските иневстиции изнесуваа 140 милиони евра.

Само во мај, приливот на странски капитал е скоро двојно поголем, споредено со мај 2013 година, кога изнесуваше 18 милиони евра.

Според податоците на НБМ, од вкупниот прилив на странски инвестиции од јануари до мај 2014 година, 52,1 милион евра се сопственички капитал и реинвестирана добивка, а 94 милиони евра се директни странски инвестиции. Вкупно 101 милион евра отпаѓаат на директен инвеститор кој вложува во компанијата, додека на име на хоризонтално поврзување на претпријатијата од Македонија се одлеале 10,4 милиони евра. Тоа значи одлив на пари од странските компании во државата на нивните фирми мајки.