За Пјонгјанг последниот тест е „увертира“ за лансирања кон Гуам (ВИДЕО)

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун изјави во средата дека последното ракетно тестирање од вторникот утрото претставувало „увертира“ во лансирањето на ракети кон американската пацифичка територија Гуам, како и дека Пјонгјанг ќе ги следи изјавите и дејствијата што ги преземаат САД.

Како што пренесува јужнокорејската новинска агенција Yonhap, севернокорејското радио известило дека Ким Џон-ун лични присуствувал на тестирањето на балистичката ракета „Хвасон-12“. Севернокорејскиот лидер, исто така, наложил да се изведуваат повеќе лансирања на балистички проектили во насока на Тихиот Океан и да се зголеми нивната ударна моќ.

„Се приближуваме кон реалноста, сегашното пробно лансирање на балистики проектил беше првиот воено-тактички чекор на нашата армија во Тихиот Океан“, рекол Ким Џонг-ун.

Ким, како што пренесе државната северникорејска агенција KCNA, изјавил дека траба повеќе да се вежба на цели во Тихиот Океан.

„Оваа вежба на лансирање на балистичка ракета, како во вистинска војна, е првиот чекор во воена операција на Корејската народна војска во Тихиот Океан и смислен вовед во зауздувањето на Гуам“, изјавил Ким.