За почит: Компанијата Пекабеско му обзбеди храна на семејството Николовски

Сторијатa за тешката  состојба во која живее Благица со своите 4 малолетни деца, ја разбуди хуманоста кај граѓаните, приватните компаннии и локалната самоуправа.

Кеси полни со храна,  пакети со млеко и сувомесни производи кои ги донираше компанијата Пекабеско утрово пристигаа на нејзината адреса.

Помош за Благица се собира и на социјланите мрежи.

Граѓаните се здружуваат да и помогнат на самохраната мајка.  Среќата на Благица е огромна, вели секоја помош и е добредојдена, но потребен и е безбеден покрив над глава.

Првите пакети помош пристигна од општината Ѓорче Петров и компанијата Пекабеско.

Од општината велат ќе помогнат колку можат, но куќата во која Благица привремено е сместена и која во секој момент може да биде урната не е во нивна надлежност.

39-годишната Благица е невработена, нема никакви приходи и едвај врзува крај со крај. Со своите 4 малолетни деца,  живее во скопско Волково во импровизирана куќа без покрив, прозорци и врати. Во куќата нема ниту вода, ниту струја. Пред 10 дена го загубила и сопругот. Без основни услови за живот, Благица стравува како со совите деца ќе ја поминат зимата.