За подобар секс: Подигнете го либидото на природен начин

Ако во последно време избегнувате интимни односи со вашиот партнер, не сакате секс, се чувствувате лошо и навечер само сакате да легнете и да заспиете, а поради тоа другата страна ви преговара, обидете се тоа да го смените.

Наместо да продолжите да се жалите, купете некои намирници кои ќе ја засилат вашата сексуална желба!

Поради витаминот Ц кој го соджи во себе, брокулата ја подобрува циркулацијата на крвта во телото, што резултира со посилен оргазам.

Ако сте љубител на кељ, ова е решение за вас! Витаминот А го балансира нивото на хормоните, а јодот кој го содржи кељот го подобрува расположението. Кељот, исто така, ги намалува воспалителните процеси, што може да ја подобри вашата флексибилност и издржливост, а тоа за мажите е особено важно.
Иако е составена од 92 проенти вода, лубеницата содржи цитрулин, кој го подобрува протокот на крв и влијае на јакнење на организмот.
Одличен изброр за зголемување на сексуалната желба се и капините. Тие го зголемуваат либидото и издржливоста во спалната. Исто така, боровниците и јагодите позитивно влијаат на вашиот кардиоваскуларен систем, па со тоа и на сексуалното возбудување.

Ако ви е потребен поттик за секс, посегнете по егзотични зачини. Каранфилчето традиционално се користи од многу одамна во Индија за лекување на еректилна дисфнкција. Шафранот ја подобрува секуалната активност, ѓумирот го зголемува либидото, а покрај тоа ќе ве заштити од настинка и грип.