За појадок, пита со интегрално брашно и торта со „мач мелоу“ за десерт

Состојки

7 јајца

½ л. млеко

½ кг. инетгрално брашно

½  кг. бело брашно

половина шолја за кафе масло

1 лаж. сол

½ л. кисела вода

½  кг. сирење

1 лаж. кајмак

половина прашок за пециво

Подготовка:

Изматете три јајца додадете го млекото и наизменично лажичка по лажичка брашното, додадете масло и на крајот киселата вода па посолете. Тестото треба да биде малку погусто отколу при обични палачинки. Испечете ги палачинките.

Изматете ги 4 јајца, кајмакот, млекото и половината прашок за пециво и се добро изматете. Подмачкајте ја тавката и редете ги палачинките, секоја премачкајте ја со малку масло и подготвениот фил. Исечете ја на коцки и ставете во рерна да се пече околу 30 мин.

mac melouТОРТА „МАЧ МЕЛОУ“

Состојки:

200 гр. бисквити

2 л. млеко

400 гр ресана

6 мини пакувања „мач мелоу“

2 маргарина

16 лаж. шеќер

200 гр. шеќер

4 кесички пудинг од ванила

4 кесички пудинг од чоколада

200 гра шеќер во прав

Подготовка:

Во еден литар млеко ставете осум лажици шеќер и четири кесички пудинг од ванила. Сварете го и оставете го да се олади. Во другиот литар млеко, ставате осум лажици шеќер и свaрете ги пудингот од чоколада и оставете да се олади. Посебно изматете еден маргарин со 100 гр. шеќер во прав па соединете го со пудингот од чоколада. Посебно изматете го другиот маргарин со 100 гр. шеќер па соединете го со пудингот од ванила.

Начин на редење

Наредете ги бисквитете па жолтиот крем, па ресаната, па црниот крем. Врз црниот крем  наредете го „мач мелоу“ врз него ставете го жолтиот па црниот крем и одзгора измачкајте со шлаг.