За појадок подгответе вкусни панцероти

Доколку се уште размислувате што да подготвите за оброк, прифатете го нашиот предлог и подгответе вкусни панцероти.

Начин на подготовка:

Соединете ги млекото и водата, додадете ги шеќерот па смлачете ја смесата. Потоа ставете го квасецот да стаса. Во сад за месење тесто, ставете го стасаниот квасец, маслото и солта и додадете го брашното и замесете го тестото на меко. Оставете го да стаса 20 минути.За тоа време, павлаката изматете ја со лажица, па додадете ја изренаданата салама, ситно исечканата шунка, малку кечаб, оригано и измешајте.

Од тестото правете кругови со дебелина од 0,5 мм. На секој круг ставете по една лажичка од филот и преклопете ја панцеротата. Краевите затворете ги со виљушка.

Панцеротите наредете ги во тава и оставете ги да отстојат уште некои 20 минути. Потоа премачкајте ги со јајце и посипете ги со сусам. Печете ги во рерна на 220 степени додека не поцрвенат.