За пола милијарда евра, Реал го менува името на страдионот

Реал Мадрид е многу блиску до договор за преименување на стадионот „Сантјаго Бернабе”, од кој ќе инкасира 500 милиони евра.

Според „Марка”, компанија во сопственост на владата на Абу Даби е подготвена да плаќа по 25 милиони евра годишно во наредните 20 години. Се уште нема дефинитивна потврда за новото име на стадионот, но се сугерира дека на сегашното име „Сантјаго Бернабе” ќе биде додадено „Абу Даби”. Приходот од договорот треба да биде искористен за реновирање на стадионо, кој сега има капацитет од 85.000 места.