За помалку од два месеци 3.300 убиени во Сирија

Во Сирија од трети јануари, откако почнаа судирите меѓу бунтовниците и џихадистите од Исламската джава во Ирак и Левант се убиени 3.300 лица.

Сириската опсерваторија за човекови права, невладина организација со седиште во Велика Британија соопшти дека 924 лица загинале во редовите на ИСИЛ, додека 1.380 од коалицијата за исламски бунтовници. Меѓу загинатите се 281 цивил и повеќе од 700 лица за кои не се знае на кој табор припаѓаат. Проинајдени се и 29 тела.

Според опсерваторијата, жртвите загинале во напади со автомобил-бомби, експлозвини направи и крвави егзекуции.

Сириската државна новинска агенција САНА соопшти дека денеска се убиени 170 бунтовници меѓу кои има и странски опозиции. Биле начекани во заседа која ја поставила сириската војска во Дамаск.