Македонија

За помало загадување, улиците ќе се прскаат со калциум магнезиум ацетат

За помало загадување, улиците ќе се прскаат со калциум магнезиум ацетат

Од средината на ноември, Градот ќе почне да ги прска улиците со калциум магнезиум ацетат , како превентивна мерка за контрола и намалување на загадувачката  прашина ПМ10 и ПМ2,5 честичките. Засега, за оваа намена е адаптирано само едно возило. Првиот тендер за адаптација на повеќе камиони кои ќе ја аплицираат оваа супстанција на сообраќајниците, заврши неуспешно, но Градот најави распишување на нова јавна набавка, која треба да забрши до крајот на оваа година.

Градската власт веќе потпишала договор за изработка на ова средство што се распрскува на асфалтни површини и ги лепи ПМ10-честичките од воздухот, а со тоа ги оневозможува понатаму да циркулираат.

За дополителните мерки што Градот планира да ги преземе за намалување на загадувањето во воздухот, советниците ќе расправаат на седницата в четврток, а, се споменуваат воведување на пар-непар,  бесплатен јавен превоз, зајакнат  инспекциски надзор од страна на Секторот Инспекторат на Град Скопје, како и редовни контроли на градилиштата во однос на излегувањето на товарните возила со валкани тркала и покривање на камионите се церади. Секојдневно ќе се чистат  и мијат улиците, особено околу градилиштата.