За пожарот во Којник осомничен триесет и тригодишен велешанец

Според СВР Велес триесет и три годишниот велешанец Ј.Ј е осомничен дека го предизвикал синоќешниот пожар во куќата во која живеел  во велешки Којник.
Пожарот избувна синоќа околу 21 часот во стар дел од куќа на улица „Кирил Пејчиновиќ“ бр.13, во месноста Којник во Велес,  а во која живеел осомничениот. Во пожарот од керамидите на покривот  излегувал силен оган и имало опасност да бидат зафатени електричните кабли на бандерите и соседните куќи кои се залепени една до друга во густо населениот Којник. Сепак со брзата интервенција на пожарникарската екипа од Противпожарната единица од Велес пожарот по два часа бил целосно изгаснат,  велат од велешката полиција.