За празниците дежурни сите поликлиники во Скопје

Продолжениот празничен викенд скопските поликлиники 24 ­часа ќе им бидат достапни на граѓаните. Лекарска помош може да се добие во сите дежурните пунктови, информираа од Здравствен дом Скопје. Досега пациентите најчесто се жалеле на настинки поради променливото време.

Лекарите потенцираат деновиве да се внимава и со исхраната и со алкохолот.

По постите да се внимава да не се јаде обилно мрсна храна зачинета со чаша или флаша алкохол. Граѓаните за лекарска помош ќе може да се обратат и во Службата за Брза помош и на Ало Докторе, а вообичаено дежурни екипи има и на скопските клиники, во ГОБ 8 септември и старата градска болница.