За празниците сончево и релативно топло време

За време на продолжениот празничен викенд времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 км/час. Утринските температури на места ќе бидат негативни, а дневните ќе бележат пораст, особено од петок.

Денеска не очекува променливо облачно со сончеви периоди, на повисоките места и планините со услови за провејување на снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој повеќе ќе биде израсен долж Повардарието. Максималната температурата ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.