За пребрзо возење санкционирани 45 возачи во Скопје, пајакот кренал 86 возила

Пет лица се полесно повредени во три од вкупно осум сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, додека во пет е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 45 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач кој поминал на крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување и еден возач за неправилно престројување. Од сообраќај се исклучени двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол и седум возачи пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило, како и девет возила со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкциониран е и еден пешак кој поминал на крстосница на црвено светло. Затекнати се и 75 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 86 возила.

Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со децата од средна и голема група во детската градинка „Весели цветови“, објект „Ѓурѓица“ во општина Кисела Вода.