За продолжениот викенд сончево и топло со температура до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во наредните денови ќе се задржи сончево и многу топло време. Најтопло ќе биде утре и во сабота, кога на повеќе места температурата на воздухот ќе надмине 35 степени, а вдолж Повардарието ќе достигне и 40 степени.

Денес времето ќе биде сончево и многу топло, во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 37 степени. УВ=8