За професорите нема дилема – математичкото размислување е важно

За универзитетските професори нема дилеми кога е значењето на математиката во прашање. Тие велат дека во сите струки е потребен и важен овој предмет.

Професорката Лилјана Гавриловска, шеф на Институт за телекомуникации при ФЕИТ вели дека без математиката не може да се биде успешен во професијата.

-Од аспект на техника, од аспект на сите технички професии, вклучувајќи ја електротехниката и телекомуникациите, математиката е  услов без кој воопшто неможат да се замисли да се биде успешен во овие професии. Можеби не е задолжителна за другите студии, но на било која гранка од техниката, без математиката не можете да имате јасен поглед на работите, јасно квантифицирање на аспектите, јасна визуелизација на тоа што се случува. Математиката помага да го замислите и изразите тоа што сакате да го претставите. Во ниту една конкретна инженерска дисциплина без математика не можете да бидете добар инженер, вели професорката.

Гавриловска не ги одобрува протестите кои се против учење.

profesor-matematika2

Ѓорѓи Марковски епрофесор  на Институт за математика при ПМФ. Тој вели дека математичкиот апарат го користат во многу науки.

-Многу од Нобеловците кои имаат добиено награда за економија се математичари кои се насочиле кон економија. Не може да се замисли современа информатика без математика, современа електроиндустрија, секаде се користи апаратот математика или  барем математичко размислување, вели тој.

Марковски им порачува на идните студенти дека на кој смер и да се запишат ќе имаат потреба од математика. На Земјоделски и Шумарски треба математика, на Ликовна уметност треба геометрија.