За пропустите на полицијата министерот Нухиу се вади на Чавков

МВР ги осуди вчерашниот настани во собранието и побара одговорност од раковидните лица.

„Сакам да ја запознам јавноста  дека јас како министер инсистирав да се формира Оперативен штаб уште кога почнаа протестите и тој штаб беше формиран, а во него се вклучени раководни лица од министерството од сите области. Оперативниот штаб имаше подготвено планови за три претпоставени ситуации: Кога ќе бидат протестите мирни, Кога ќе се избира претседател на Собранието  и Кога ќе се избира Влада. За раководител на оперативниот штаб беше избран директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков“,  рече министерот Нухиу.

Според него дел од структурите на МВР потпаднале под политичко влијание. Внатрешната контрола при МВР е вклучена и ќе барем одговорност од сите што не постапиле согласно законските овластувања, вклучувајќи го и раководството на  оперативниот штаба.

Поради морална одговорност министерот Нухиу најави оставка, бидејќи не успеал  како што рече, да го тргне влијанието на политика од раководните структури на МВР.
На новинарско прашање својата одлука од кого ќе бара оставка рече дека оставката ќе ја бара од лидерот на партијата.

Во текот на вчерашните немири во Собранието министерот се обидел но не успеал да стапи телефонски во контакт со директорот на оперативниот штаб Митко Чавков.
МВР воедно информираше дека  по вчерашните настанани во Собранието уапсени се осум лица.