Наместо 500.000 како што тврдеше СДСМ, за проверка останаа 75.000 – нема фантомски гласачи

Наместо половина милион гласачи како што тврдеа СДСМ и медиумите под негова контрола, псоледните информации поврзани со вкрстената проверка на Избирачкиот список покажуваат дека за проверка останале околу 75.000 гласачи, фантомски гласачи нема, пишува „Курир“.

Околу 75.000 гласачи ги има само во базата на МВР, но не и во другите бази на податоци. Според информациите, речиси 90% од овие гласачи се етнички Албанци, а за повеќе од една третина од нив, МВР веќе ставило забелешка дека подолг период се иселени од Македонија.

Во текот на вчерашниот ден СДСМ и медиумите на СОРОС излегуваа со измислени фрапантни бројки од наводни половина милион фантомски гласачи, па дури и тие не беа усогласени во манипулациите и кажуваа разни бројки. Прво 500 илјади, па потоа 400 илјади, 300 илјади, па да се спушти бројката на 140 илјади, за да на крај реалната бројка покаже дека таа е двојно помала дури и од најниската манипулација на СДСМ.

Ова претставува тежок дебакл на стратегијата на СДСМ за лажно прикажување на наводни фиктивни гласачи која имаше две цели. Прво, на тој начин да ги одлага изборите и второ доколку има тоа да биде алиби за тешкиот изборен пораз кој според расположението на граѓаните е повеќе од извесен. Со ова на површина излегуваат манипулациите и хистеријата која ја шират од опозицијата.

По вчерашните бројки објавени од опозициските медиуми, Државната изборна комисија (ДИК) вчера соопшти дека ги смета за шпекулации сите информации во медиумите во врска со наводни резултати од вкрстените проверки.

Државната изборна комисија, по првичното разгледување на извештајот од спроведувањето на вкрстените проверки на базите на податоци од релевантните институции, одлучи да спроведе дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките. Сите (вкупно 31) прашања се составен дел од Планот за вкрстени проверки, а тој е објавен на веб страната на ДИК на 25 февруари, изјави Гугучевска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.